Достапни линкови

Филипче: Нема оправдување за тие кои не носат заштитна маска


Министерот за здравство, Венко Филипче

Не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска, кои не ги почитуваат мерките. Само преку носење маска, често миење на рацете и одржување физичка дистанца можеме да го намалиме ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Лекарите и медицинските лица секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита. Не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска, кои не ги почитуваат мерките. Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски - семејство, колеги и пријатели. Затоа што секој од нас има одговорност да се грижи и за здравјето на тие околу себе. Грижата за себе во исто време е и грижа за тебе. Апелирам на почитување на мерките без исклучок“, пораша Филипче.

XS
SM
MD
LG