Достапни линкови

САД први на светот со пет милиони потврдени случаи на коронавирус


Калифорнија, илустрација

Со пет милиони потврдени случаи на инфекција со коронавирус, Соединетите држави се на прво место во светот, тврди универзитетот Џонс Хопкинс, чии податоци се референтни за Соединетите држави. Сепак, здравствените работници проценуваат дека со секој пријавен случај има десетина пати повеќе заразени лица, со лесни инфекции кои се не пријавени или не се препознаваат.

Расте бројот на нови случаи на ковид-19 на Балканот

Во САД има околу 54.000 нови случаи на ден. Иако тоа е помалку од над 70.000 на ден колку што имаше во втората половина на јули, бројот на заболени расте во скоро 20 сојузни држави, а смртноста се зголемува. Многу Американци се спротивставуваат на употреба на маски и на мерките за физичка дистанца.

XS
SM
MD
LG