Последици од поплавите во Косово низ фотографии
Непрекинатите дождови предизвикаа големи штети во неколку општини во Косово, вклучувајќи ги Малишево и Глоговац. Во овие општини, како и во Раховац, имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија поради поплавите, додека властите објавија дека ги евакуирале жителите од загрозените подрачја. Во оваа фото галерија ви ги пренесуваме сцените од Малишево и Глоговац кои покажуваат штети предизвикани од врнежите.
17
Хидрометеоролошкиот завод на Косово објави дека континуираните дождови што врнеле неколку дена на места како Ѓаковица, Јуник, Дечани, Малишево, Раховац и Клина довеле до излевање на реките и потоците.
18
Целосно поплавена улица во општина Малишево.
19
Во последните години, Косово се соочува со поплави кои предизвикаа материјални штети.