Славење и тага по смртта на иранскиот врховен лидер
Додека во Иран, но и во соседните земји протестираат по смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи по американско-израелските напади, Ирансците во дијаспората се спобираат за да слават.
1
Во Техеран поголема група на луѓе се собраа и тагуваат по смртта на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи.
2
Жени тагуваат на плоштадот Енгхелаб во Техеран откако иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи беше убиен во израелските и американски напади.
3
Иранци кои живеат во Јапонија слават по информацијата дека во нападите е убиен ајатолахот Али Хамнеи. Во Токио во близина на иранската амбасада демонстрираа со американски знамиња и со ирански знамиња од периодот пред револуцијата во 1979.
4
Од друга страна прврзаниците на ирачките шиитски вооружени групи протестираа во Багдад заради смртта на Али Хамнеи.