Беџети: Не знам каде е Груби и немам комуникација со него
Не сме најавиле бојкот, но можна е политичка криза доколку се чепне Законот за јазиците, вели координаторот на Европскиот фронт Блерим Беџети. Тој вели дека тие бараат парламентарни избори со локалните, за да биде почитуван легитимитетот и на двете најголеми етнички заедници во државата.