Арсенков: Може да бидеме лидери во лекарски третман со 3Д модели
Доктор Стефан Арсенков е единствениот македонски хирург и еден од неколкумина во светот кој оперирал со помош на очила за виртуелна реалност. Со помош на новите технологии тој создава и 3Д модели како реплика на органите на пациентите, за да се подготви пред операција. Праксата, вели, јасно ја покажува ефикасноста на ваквиот пристап, а за ова се заинтересирани и колегите од странство.