Едни ставаат филери по дома, други додека се на фризер, наместо кај стручно лице. Законот е јасен, велат од Министерството здравство, но за да нема погрешни толкувања се разгледуваат предлог-измените на специјалистите во областа на естетската медицина, кои алармираат за злоупотребите и ризиците.
Група осуденички од отвореното одделение во КПУ „Идризово“ од понеделник до петок минуваат едно работно време во затворската шивална. Таму, велат, везат надеж и шијат промени, на иницијатива на модната дизајнерка Ирина Тошева.
Град Скопје ги повика граѓаните на јавна дискусија за новиот ГУП на градот. Малку граѓани учествуваат, а меѓу оние кои доаѓаат има и надеж дека може да биде подобро, но и скептици дека може тие да влијаат. Според архитектот Марко Пановски вака се дава лажна надеж
За дванаесеттиот роденден, основецот Леон кој има аутизам, посака едноставно - љубов. Ваквата желба му ја исполнија стотина хумани граѓани и компании кои се мобилизираа на повик на неговата мајка. Таа преку социјалните мрежи организираше инклузивен роденден, отворен за сите.
Само една патронажна сестра ја покрива цела општина Карпош, додека од 17.000 медицински сестри во Словенија, 7.000 работат во превенција, алармират здруженијата.
Некои професии се први на удар на вештачката интелигенција и поради тоа има масовни отпуштања. Но, има и такви кои засега се сигурно незаменливи, велат експертите. Радио Слободна Европа, пред неолку месеци, разговараше со луѓе од различни професии за тоа дали нивната позиција е загрозена.
Меѓу тинејџерот Гаврил и пензионерот Гидо има голема разлика во години, но тие прифатиле ист предизвик – да бидат едни од 700-те волонтери од Европа и светот кои се сретнаа на Европскиот младински олимписки фестивал.
Некој разговара со чет бот за да поправи нешто по дома, а некој за да има „пријател“. Светската статистика покажува дека секој шести човек на планетава е осамен. На толку осамени, очекувано е да има луѓе кои полесно ќе се поврзат до компјутер отколку со човек, велат психотерапевтите.
На европскиот и македонски број за итни случаи 112 граѓаните вртат кога е итно, но знаат да свртат и кога не е баш толку итно. Го реобјавуваме видеото кое го пренесува искуството на операторите и нивните предизвици.
Од 50 депонии во државата само Дрисла и гевгелиската имаат интегрирана еко дозвола, а на повеќе од 1000 диви депонии некотролирано се исфрла отпад. Еко-активистите тврдат бројката стигнува до 3 илјади и алармираат дека ако нема мерки ќе горат сѐ повеќе депонии.
Дел од граѓаните не знаат дека за да одат на лекарски преглед и да добијат терапија, од 3 април наваму мора да го верификуваат телефонски број во системот „Мој термин“. Оние кои знаат, ажурираат преку мобилна апликација или директно кај матичен лекар, но второво создава гужви, реагираат лекарите.
Околу 4000 граѓани ги посетиле двата македонски државни центри за менаџирање на дебелина од отворањето во 2023 година, вели ендокринологот Хасан Танер во поткастот „Зошто“.
За брз и добар одговор во кризни ситуации - пожар, земјотрес, поплави, децата треба да бидат обучени со што пореални сценарија, препорачуваат експертите. По пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ власта најави зајакнување во подготовка на учениците, но нема податоци дали и колку се прават вежби.
Додека нема оџачарска служба регулирана со закон и чистењето оџаци не е обврска за сите, ќе има такви кои не би дале пари за оваа услуга, а ова е опасно и штетно.
Младите сочувствуваат со врсниците кои ги загубија животите во пожарот во кочанската дискотека и бараат начини да покажат почит. Последиците од колективната траума ќе се видат по некое време, но едно е сигурно уште од сега - нема некој кој не беше допрен од трагедијата, велат психолозите.
Доктор Стефан Арсенков е единствениот македонски хирург и еден од неколкумина во светот кој оперирал со помош на очила за вирутелна реалност. Со помош на новите технологии тој создава и 3Д модели како реплика на органите на пациентите, за да се подготви пред операција.
Сѐ повеќе граѓани бараат помош во храна од народните кујни. За да се нахранат што повеќе гладни помага државата, помага црквата, но и здруженија и иницијативи. Некои вака се хранат со години, други почнале неодамна, откако инфлацијата удри по џебот и на оние кои и пред неа имале малку.
Амбулантите низ целата држава се полни со болни од грип и бројот на случаи деновиве го достигнува врвот во сезоната. Но, ваквата слика не е изненадувачка за лекарите, туку изненадуваат симптомите, за кои велат дека се должат на пад на имунитетот, но можно е и на аерозагадувањето.
Зошто треба добро да размислиме дали навистина нешто ни треба пред да купиме некое парче облека и колку е важно да се разбере она што го пишува на внатрешната етикета? За брзата наспроти одржливата мода во поткастот „Зошто“ разговараме со модната дизајнерка Ирина Тошева.
Вчитај повеќе