Помалку прекршоци, но и одредени слабости во првиот месец од „Безбеден град“
Намален број на сообраќајни прекршоци по поставувањето на камерите од системот „Безбеден град“ нотира Министерството за внатрешни работи. Изминатата недела регистрирани се вкупно 4.910, од кои во најголем број (4.691) ги има оние за управување возило со брзина поголема од дозволената, информира МВР за Радио Слободна Европа. Но граѓаните, иако го поддржуваат, истовремено и го критикуваат системот. Некои обвинуваат дека се казнети за прекршоци кои не ги сториле, други дека плаќаат за промена на податоци кои не се згрешени по нивна вина.