„Војната дојде во мојот дом“: Станот на дописникот на РСЕ беше погоден во рускиот напад
Дописникот на РСЕ Марјан Кушнир, раскажува како неговата станбена зграда надвор од украинската престолнина била погодена од руски дрон „Шахед“ на 28 јануари. „Видов блесок и слушнав како прозорците се кршат“, рече Кушнир, кој истрчал горе кај соседите и спасил дете од запалениот стан во селото Билохородка.