Достапни линкови

Во соседните држави, засега без проблем со важечки лични карти со старото име, но, без нови пасоши никаде


Состојбата на граничниот премин Блаце од утрово се одвива тековно, најголемиот дел од граѓаните кои ја напуштаат државата веќе ги промениле личните документи, а државата ја напуштаа со лични карти или патни исправи со новото име на државата. Сепак, затекнавме и граѓани кои со старата лична карта ја минуваа границата. Од наша страна, доколку личната карта е важечка, ќе можете да поминете, но останува на земјите од другата страна да одлучат дали ќе ви дозволат влез со старите лични документи. Неофицијално, македонски државјани со старото име на државата, од утрово без проблеми влегуваат во Косово и во Албанија.

Категории

XS
SM
MD
LG