Достапни линкови

И напаѓачот меѓу мртвите во пукањето на Универзитетот Карлов во Прага


И напаѓачот меѓу мртвите во пукањето на Универзитетот Карлов во Прага
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Петнаесет луѓе ги загубија животите, вклучувајќи го и напаѓачот, во пукотницата во зградата на Филозофскиот факултет на Универзитетот Карлов во центарот на Прага на 21 декември, изјави на прес-конференција директорот на чешката полиција Мартин Вондрашек. Уште 24 лица се ранети.

„На 21 декември во 12.20 часот полицијата добила информација дека 24-годишен маж требало да го напушти селото Хостоун кон Прага, велејќи дека сака да си го одземе животот. Пронајден е мртов маж во селото од кое заминал. Тој е татко на напаѓачот“, рече началникот на полицијата.

Полицијата се уште е во зградата на факултетот и утврдува дали има уште забарикадирани, ранети или убиени.

Според директорот на чешката полиција Вондрашек, „напаѓачот не бил инспириран од настани од странство“.

Полицијата објави дека напаѓачот е убиен.

Категории

XS
SM
MD
LG