Достапни линкови

Лавров: Блинкен избега, Борел си замина. Тоа е кукавичлук


Лавров: Блинкен избега, Борел си замина. Тоа е кукавичлук
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:46 0:00

Мојот колега, државниот секретар Блинкен, избега. Јас никаде не побегнав... И Борел исто така замина. Зошто се случува ова? Па, тие веројатно веруваат дека со тоа ја нагласуваат својата намера да ја изолираат Русија. И мислам дека тие се само кукавици. Се плашат од секој искрен разговор со факти во рака. Тие се плашат. И овој ист страв ги објаснува сите овие проблеми со недавањето визи за нашите дипломати, и за настаните во ОН во Њујорк, за настаните во Париз на седниците на различни тела на УНЕСКО. Ова е кукавичлук. Затоа што во текот на овие две години од оваа хистерична хибридна војна на Западот против Русија, се уверивме дека тој нема јасни и разумни аргументи. А нашите аргументи вчера ги изнесовме доволно детално и никој не ни приговара, рече шефот на руската дипломатија на прес-конференцијата во петокот, 1 декември 2023, за време на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

Категории

XS
SM
MD
LG