Настаните на денот низ фотографии - 15 август 2023
Паради, рубљи и крлежи
1
ПОЛСКА - Најголемата полска воена парада од Студената војна се одржа во вторникот во Варшава, додека земјата-членка на НАТО ги истакнува своите воени капациети во она што владата се надева дека ќе биде и порака до Москва и до гласачите пред изборите во октомври.
2
МАЛИ - Воениот водач на Мали, Асими Гоита, на 15 август изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во Нигер, каде хунтата ја презеде власта со државен удар минатиот месец, пренесува новинската агенција Ројтерс.
3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Прекршочни пријави против општините Тетово и Чаир и нивните градоначалници Биљал Касами и Висар Ганиу поднесе министерството за внатрешни работи поради неинтонирање на државната химна и непоставување на државното знаме при посетата на косовскиот премиер Албин Курти во земјава минатиот петок.
4
КОСОВО - Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Северна Македонија за посетата на премиерот Албин Курти, минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат.