Настаните на денот низ фотографии - 15 август 2023
Паради, рубљи и крлежи
5
МАКЕДОНИЈА - Нема место за паника, бидејќи ситуацијата е комплетно под контрола, изјави претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, Александар Петличковски, откако во земјата за две недели беа регистрирани тројца заразени од конго-кримска хеморагична треска.
6
МАКЕДОНИЈА - Одговорност за виновниците кои ги амнестираат одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово, побара на 15 август поранешниот министер за здравство Беким Сали по емитувањето на документарниот филм на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).
7
САД - Покрената е четврта кривична пријава против поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Големата порота во американската сојузна држава Џорџија го прифати обвинението против Трамп за обид за поништување на волјата на граѓаните со која тој во оваа држава загуба од демократот Џо Бајден на изборите во 2020 година.
8
ЈАПОНИЈА - Силна тропска бура ја зафати централна и западна Јапонија со силен дожд и силни ветрови на 15 август. Невремето предизвика поплави и прекин на електричната енергија и парализирање на воздушниот и копнениот транспорт. Ова се случи во период кога многу луѓе патуваат за будистичка празнична недела.