Настаните на денот низ фотографии - 17 јули 2023
Од Камчев до Кремљ
5
МАКЕДОНИЈА - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека не е прифатлив начинот на кој уставните измени биле доставени во Парламентот, дека се под бугарски диктат и дека со тоа Владата дополнително го усложнувала процесот.
„Со тоа што дефинираше текст на уставни измени што не само што е неприфатлив туку е тотално неразумен, изјави Мицкоски откако вчера Владата го достави Предлогот за уставни измени до Парламентот.
„Со тоа што дефинираше текст на уставни измени што не само што е неприфатлив туку е тотално неразумен, изјави Мицкоски откако вчера Владата го достави Предлогот за уставни измени до Парламентот.
6
СРБИЈА / КОСОВО / ЕУ - Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак денеска имаше одвоени средби во Брисел, едната со главниот српски преговарач Петер Петковиќ, а другата со шефот на преговарачкиот тим на Косово Бесник Бислими за новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија.
7
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека во текот на ноќта извршила „намерен напад“ врз инфраструктурата за жито во црноморското пристаниште Одеса. Големите експлозии и пожарот во руско складиште за муниција на анектираниот полуостров Крим, принудија масовна евакуација и затворање на автопатиштата. Нападот во текот на ноќта врз регионот на Одеса беше „најмасовниот“ од почетокот на војната, изјавија за Радио Слободна Европа од воената администрација на регионот. Друг функционер рече дека тоа било „ноќ од пеколот“.
8
МАКЕДОНИЈА - Министерот за економија Крешник Бектеши се врати од пат во САД и најпрво не пред Владата туку пред медиумите на брифинг објаснуваше зошто е побарано и одобрено спојување на две концесии за експлоатација на бакар и злато од компанијата Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, за рудникот Иловица. Тврди дека Министерството за економија само го почитувало законот и насоките дадени од Управниот суд.
„Уште сто пати да се повтори оваа ситуација, уште сто пати би одлучиле идентично“, дециден е Бектеши.
„Уште сто пати да се повтори оваа ситуација, уште сто пати би одлучиле идентично“, дециден е Бектеши.