Настаните на денот низ фотографии - 17 јули 2023
Од Камчев до Кремљ
9
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Шефот на британската разузнавачка агенција МИ6 во средата ги повика Русите кои се противат на војната во Украина да „се приклучат“ на неговата разузнавачка служба и да го прекинат крвопролевањето. Во својот втор говор откако стана шеф на Тајната служба во 2020 година, Ричард Мур го изрази своето уверување дека има многу мали шанси Русија да ја врати предноста во Украина.
10
МАКЕДОНИЈА - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15 физички лица и 3 правни лица, и тоа против 11 физички лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, од кои против 9 за сторено кривично дело „даночна измама“, додека едно лице освен за овие две дела, заедно со уште четири физички и три правни лица се сомничат дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ според Кривичниот законик.
11
ГРЦИЈА - Три села и хотел во планински дел на грчкиот остров Родос и две села во Мегара, во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, се евакуираат поради пожарите што сè уште не се ставени под контрола, јавуваат агенциите. Преку бројот 112 за итни случаи од жителите на селата во близина на пожарот, како во Атика, така и на Родос, беше побарано да се евакуираат.
12
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја рано утринава лансираше две балистички ракети во правец на исток и се чини, дека двете паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, јавуваат агенциите.