Настаните на денот низ фотографии - 17 јули 2023
Од Камчев до Кремљ

1
МАКЕДОНИЈА / САД - Американската Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) го назначи Орце Камчев на листата лица кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција или друго дестабилизирачко однесување, се вели во денешното соопштение на оваа институција. Овие санкции значат дека на Камчев му се замрзнува имотот во САД и му се забранети трансакции.

2
САД / МАКЕДОНИЈА - Американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер, по ставањето на бизнисменот Орце Камчев на црната листа на САД поради сомневање за корупција, наведе дека САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани лица кои го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста во Северна Македонија. Таа на твитер напиша дека санкциите ќе имаат влијание не само врз Камчев туку и врз оние кои имаат бизнис со него.

3
ХРВАТСКА - Во невреме што денеска го зафати Загреб, загинати се двајца мажи, а повеќе луѓе се повредени, изјави Љупка Хитрова од Институтот за обука на Итна медицинска помош на Градот Загреб.
Силно невреме пропратено со дожд и бурен ветер го зафати Загреб околу 16 часот.
„Двајца мажи загинаа како последица на паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова.
Силно невреме пропратено со дожд и бурен ветер го зафати Загреб околу 16 часот.
„Двајца мажи загинаа како последица на паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова.

4
АВГАНИСТАН - Протестот денеска на десетици авганистански жени во Кабул поради забраната за работа на козметички салони, го растурија талибанските сили со шмркови, електрошокери и истрели од огнено оружје во воздух. Талибанците овој месец им дадоа на сопствениците на салоните рок од еден месец да ги затворат своите продавници, што предизвика загриженост кај меѓународните претставници за влијанието врз жените претприемачи. Талибанците велат дека ги забраниле козметичките салони бидејќи нуделе услуги забранети во исламот.