Настаните на денот низ фотографии - 14 јуни 2023
Од Бесими до Лукашенко, од Илинденска до Тузла
1
КОСОВО - Косовската полиција извести дека тројца нивни гранични службеници наводно биле киднапирани од српските сили за време на патрола во градот Тресава - Баре, на граничната линија на северот на Косово. Селото се наоѓа во општина Лепосавиќ.
2
РУСИЈА - Предлог-законот што ќе им овозможи на криминалците да се приклучат на руската војска помина во Долниот дом на рускиот парламент.
Согласно законот, во армијата може да се пријават криминалци кои не извршиле кривични дела од сексуална природа, предавство, тероризам или екстремизам.
Согласно законот, во армијата може да се пријават криминалци кои не извршиле кривични дела од сексуална природа, предавство, тероризам или екстремизам.
3
САД - Дијалогот со посредништво на Европската унија е единствен пат напред за Србија и Косово, изјави американската амбасадорка во НАТО, Џулијан Смит, одговарајќи на новинарско прашање на онлајн конференцијата за медиуми, која се одржа на 14 јуни. Таа изјави дека НАТО сојузниците „со голем интерес и одредена доза на загриженост“ ги следат случувањата во Косово.
4
МАКЕДОНИЈА - Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека Буџетот е во добра кондиција и затоа не очекува наскоро да има ребаланс.