Настаните на денот низ фотографии - 14 јуни 2023
Од Бесими до Лукашенко, од Илинденска до Тузла
5
МАКЕДОНИЈА - Набавката на „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза, кои го чекаат лекот, повторно заглави во министерско-владини лавиринти, алармираат родителите на пациентите. Елмир Сејфулаи, еден од родителите на дете болно од цистична фиброза денеска изјави дека модуларната терапија сѐ уште не е достапна за пациентите, иако одамна се истечени роковите, кои Владата сама ги даде.
6
ПАКИСТАН / ИНДИЈА - Повеќе од 100 000 луѓе се евакуирани од патеката на моќниот циклон кој се движи кон Индија и Пакистан, а синоптичарите во средата предупредија дека може да уништи домови и да урне далноводи.
7
УКРАИНА - Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси го одложи планираното патување во украинската нуклеарна централа Запорожје додека не биде побезбедно за патување, изјави во средата висок функционер на украинската влада.
8
БиХ - Малолетен ученик денеска пукал во основното училиште во Лукавац кај Тузла, потврди градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ.
Делиќ изјави дека има повредени.
„Меѓу нив нема деца, затоа ги молам родителите да ја контролираат паниката. Насилникот е малолетно дете и веднаш е уапсен. Тежок ден“, објави Делиќ на Фејсбук.
Делиќ изјави дека има повредени.
„Меѓу нив нема деца, затоа ги молам родителите да ја контролираат паниката. Насилникот е малолетно дете и веднаш е уапсен. Тежок ден“, објави Делиќ на Фејсбук.