Настаните на денот низ фотографии - 9 јуни 2023
Од Делчево до Киев

1
МАКЕДОНИЈА - Советот на Општина Делчево на денешната Вонредна седница прогласи природна непогода од поплави и град. Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски денеска информира дека се мобилизирани екипи на јавните претпријатија со механизација и рачно се расчистуваат наносите од земја на коловозите во централното градско подрачје и во реоните и се санираат штетите по домовите.

2
ЦРНА ГОРА - Неколку училишта, судови, институции и медиуми во Црна Гора на 9 јуни добија мејлови со дојави за поставени бомби. Министерството за образование соопшти дека наставата во петок ќе се одржува онлајн, а се укинува и екстерното тестирање за учениците на крајот од деветто одделение од основното училиште по изборни предмети.

3
САД - Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа (НСЦ) Џон Кирби на 9 јуни рече дека додека Иран продолжува да и испорачува на Русија дронови што Москва ги користи против украинските цивили во нејзината нелегална војна во Украина. Двете земји сега преземаат чекори за да го приближат производството на беспилотни летала до воената зона со изградба на фабрика за дронови на околу илјада километри источно од Москва.

4
МАКЕДОНИЈА - Обвинителството не пронајде докази за вина кај поранешниот шеф на Управата за финансиска полиција(УФП), Арафат Муареми. Тој е ослободен после пријавите на анонимни граѓани за примање награда за противзаконито влијание, а поради кои поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска нареди претрес во финансиската полиција.