Настаните на денот низ фотографии - 9 јуни 2023
Од Делчево до Киев
5
РУСИЈА - Руското Министерство за надворешни работи на 9 јуни најави дека Москва ќе го напушти Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа на 7 ноември годинава. Министерството во соопштението посочи дека сите земји вклучени во договорот биле информирани за потегот.
6
УКРАИНА - Стотици илјади Украинци се борат да добијат вода за пиење по големите поплави во јужна Украина по уништувањето на браната Нова Каховка на реката Днепар, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека спасувачите продолжија со напорите да однесат на безбедно што е можно повеќе луѓе.
7
МАКЕДОНИЈА / САД - Уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија, изјави поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли во интервју за Гласот на Америка на македонски. Тој истакна дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, но дека не може да каже кога тоа ќе се случи.
8
МАКЕДОНИЈА - Во мај на едно четиричлено семејство му биле потребни 49 025 денари односно 797 евра за да ги покрие основните и минималните трошоци., соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка. Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34. 925 денари односно 567 евра.