Настаните на денот низ фотографии - 7 јуни 2023
Од лидерска до кардиохирургија

1
МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

2
ЕУ - Европската Унија го објави планот за зајакнување на односите со Латинска Америка, додека таа се обидува да го зголеми своето влијание соочена со руската инвазија врз Украина. Врските на ЕУ со регионот се отежнати поради неуспехот да се склучи сеопфатен трговски договор со групата од четири земји, Меркосур – Аргентина, Бразил, Уругвај и Парагвај, за кој преговорите траат веќе две децении.

3
РУСИЈА - Москва соопшти дека украинската „диверзантска“ група кренала во воздух дел од нафтоводот Толјати-Одеса што Русија го користела за извоз на амонијак пред почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Нафтоводот долг 2 500 километри е дел од меѓународните преговори за да се дозволи извоз на жито од Украина во услови на конфликт со Русија.
Нафтоводот долг 2 500 километри е дел од меѓународните преговори за да се дозволи извоз на жито од Украина во услови на конфликт со Русија.

4
КОСОВО - Во Косово може да се одржат нови избори во општините со мнозинско српско население, погодени од протестите, доколку 20 отсто од гласачите потпишат петиција со која бараат избори, јавија денеска косовските медиуми пренесувајќи делови од интервју на косовската претседателка Вјоса Османи за Ројтерс.