Настаните на денот низ фотографии - 7 јуни 2023
Од лидерска до кардиохирургија
5
КИНА - Кина остро го негираше постоењето на тајни полициски станици во Обединетото Кралство, откако Лондон нареди да ги затвори. Министерот за безбедност на Велика Британија Том Тугендхат изјави дека владата и рекла на кинеската амбасада да ги затвори станиците, откако групата за човечки права „Safeguard Defenders“ го објави извештајот за нивното постоење во Обединетото Кралство.
6
САД - Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој лојално му служеше на Доналд Трамп, но се сврте против него по нападот на Капитол во 2021 година, денеска официјално ја објави својата кандидатура за претседателска номинација на Републиканската партија за изборите во 2024 година.
7
ШВЕДСКА / МАКЕДОНИЈА - Се сомневам дека судските и политички актери се свесни колку одблизу ЕУ ја следи работата во областа на владеење на правото, порача шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин, нагласувајќи дека е неопходна искрена посветеност од сите засегнати страни во борбата против корупцијата и дека не постои скратен пат кон ЕУ.
8
САД - Најмалку две лица загинале, а неколку други се повредени во пукање за време на матурска забава во театарот „Алтриа“ во Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија, пренесоа американските медиуми.