Настаните на денот низ фотографии - 26 мај 2023
Коридори и кордони
5
ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Процесот на реформи и нивното импелемeнтирање треба да се движи многу брзо. Динамиката на спроведувањето реформите не е толку брза како што ние би сакале. Што се однесува до уставните измени прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Со самото придвижување напред, вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Крушево.
6
ИРАН - Иран го ослободи белгискиот хуманитарен работник Оливие Вандекастиле по речиси 15 месеци во притвор во размена на затвореници олеснета од Оман, соопштија властите на 26 мај.
7
УКРАИНА - Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени во ракетен напад врз болница во Днипро, во источна Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека нападот се случил и рече дека властите работат на спасување на луѓето од болницата. Претходно, регионалниот гувернер Серхиј Лисак изјави дека градот бил нападнат со ракети и беспилотни летала.
8
КИНА - Кинеските здравствени власти денеска предупредија дека главниот град Пекинг се соочува со нов, силен бран на случаи на Ковид-19, а истото се случува и во голем дел од земјата, јави ДПА. На училиштата во некои делови од земјата им е кажано да преземат мерки на претпазливост.