Настаните на денот низ фотографии - 26 мај 2023
Коридори и кордони
9
КОСОВО - Српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба за подигнување на борбената готовност на војската на Србија, откако косовската полиција употреби солзавец и шок бомби за да ги растера граѓаните собрани пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. До ова дојде откако новоизбраните градоначалници се обидоа да влезат во службените објекти на општините, но наидоа на отпор од српските граѓани, вработени во привремените органи на тие општини.
10
САД / МАКЕДОНИЈА - Демократскиот сенатор од САД, Крис Марфи, ги повика пратениците да гласаат за уставните измени, за да ја отворат можноста за членството на земјата во ЕУ. Премиерот Ковачевски ја потврди одлучноста за продолжување на европската интеграција. Лидерот на опозицијата Мицкоски повтори дека во овој парламентарен состав уставни измени нема да има.