Настаните на денот низ фотографии - 26 мај 2023
Коридори и кордони

1
МАКЕДОНИЈА - Од 1 јули граѓаните најверојатно ќе имаат можност повторно да користат евтина дневна тарифа на електрична енергија, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во интервју за утринската програма на телевизија Телма рече дека се прават последните анализи за тоа дали може да се врати евтината дневна тарифа.

2
МАКЕДОНИЈА - Работната група ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

3
СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за инцидентите што се случија денеска во Звечан на северот на Косово, изјави дека на Косово немало посериозна или поголема криза од оваа во моментот.
Тој ова го кажа во своето обраќање вечерашниот митинг организиран од Српската напредна партија (СНС) во Белград.
Тој ова го кажа во своето обраќање вечерашниот митинг организиран од Српската напредна партија (СНС) во Белград.

4
МАКЕДОНИЈА - Собранието ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.