Застани, кажи стоп на брзото живеење

1
Артисти во улога на живи статуи, се дел од уличниот уметнички фестивал „Статуафест“. Поставени се во различни актови, долж улица „Македонија“, во центарот на Скопје.

2
Настанот се одржува по седми пат, а оваа година под мотото „Голема брзина на стоење“. Намерата на организаторите, продукција „Театроск“ е, како што велат во најавата, да ги замислат минувачите за тие да се прашаат: колку навистина многу некаде брзаме?

3
Целта на ова издание е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење.

4
„Театроск“ велат дека сакале да ги замрзнат во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за тие да можат одблизу да се видат себеси, како во огледало.