Настаните на денот низ фотографии - 8 мај 2023
Од Мицкоски до Зеленски, од Маричиќ до Климович
1
ИРАН - Иран погуби две лица кои беа осудени на смрт за богохулење, објави денеска веб-страницата за вести од судството Мизан. Јусеф Мехрдад и Садролах Фазели Заре беа егзекутирани за злосторства, вклучително богохулење, навреда на религијата на исламот, пророкот и други светости, објави Мизан.
2
МАКЕДОНИЈА - Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми денска изјави дека неговата партија во работната група за реформи во изборното законодавство, ќе предложи една изборна единица со пет посто праг и со отворени листи. Малите партии, пак, реагираа истакнувајќи дека овој предлог за нив е неприфатлив.
3
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека поднел предлог-закон до Парламентот со кој официјално ќе се одбележува 9 мај како „Ден на Европа“ во Украина, додека Денот на победата, 8 мај, ќе се слави како „ден на сеќавање и победа над нацизмот“.
4
МАКЕДОНИЈА - Законите за изградба на големите проекти, Коридорите 8 и 10д, се веќе пристигнати во Собранието со европско знаменце, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средба која ја одржа во Сојузот на стопански комори . Тој ги повика канцеларијата на Европската комисија, но амбасадите во земјава „да се произнесат денеска“ за тоа што го направила Владата предводена од СДСМ и ДУИ.