Настаните на денот низ фотографии - 8 мај 2023
Од Мицкоски до Зеленски, од Маричиќ до Климович
5
СРБИЈА - Во сите основни и средни училишта во Србија од 8 мај е зголемено присуството на полицијата, а за време на наставата е обезбедено постојано присуство на училишен полицаец, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
6
МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ oчекува што поскоро да се заврши текстот на амандманите за менување на Уставот, што е услов за отворање на поглавјата во преговорите со Европската унија.
7
БЕЛОРУСИЈА - Почина белорускиот блогер Николај Климович, кој беше затворен поради објавување на карикатура на авторитарниот лидер на земјата Александар Лукашенко, соопшти центарот за човекови права „Вјасна“ од Минск. Оваа организација објави дека Климович починал во казнената колонија во регионот на Витебск.
8
РУСИЈА - Русите го продолжија притисокот врз источна Украина на 7 мај со тврдења дека е дадена повеќе муниција за платениците во Бахмут, а Украинците бараа засолниште од можни воздушни напади, додека нуклеарните претставници на ОН изразија загриженост за ризиците за најголемата нуклеарна централа во Европа - Запорожје во јужна Украина.