Настаните на денот низ фотографии - 18 април 2023
Од Путин до Судан
5
ШВЕДСКА - Шведското јавно радио (СР) денеска соопшти дека ги суспендира активностите на Твитер откако слични решенија беа донесени во САД и Канада поради контроверзните одлуки на социјалната мрежа во сопственост на Илон Маск.
6
САД - Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово мора да биде клучен елемент во спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
7
РУСИЈА - Судот во Москва денеска одлучи американскиот новинар Еван Гершкович, кој беше уапсен за шпионажа, да остане во притворот во Лефертово до 29 мај. Руските власти го уапсија 32-годишниот Гершкович во градот Екатеринбург, источно од Москва. Тој работеше за американскиот весник Вол Стрит Журнал, а обвинет е за шпионажа.
8
СЛОВАЧКА - Словачка ги испорача своите 13-те авиони ловци МиГ-29 во Украина, потврди словачкото Министерство за одбрана, а Братислава доби попуст за купување американски хеликоптери како награда за овој потег.