Настаните на денот низ фотографии - 18 април 2023
Од Путин до Судан
9
ЈАПОНИЈА - Министрите за надворешни работи од седумте најразвиени земји (Г7) ги осудија неодамнешните најави на Русија за стационирање нуклеарно оружје во Белорусија како „неприфатливи“. Тие ја повикаа Кина на дејствува како одговорен член на меѓународната заедница во однос на Тајван.
10
ПАКИСТАН - Во одрон на земјиште кое рано утринава затрупа 20-тина камиони на автопат во северозападен Пакистан загинаа две лица, а осуммина се повредени, соопштија полицијата и службите за спасување.
11
УКРАИНА - Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанокот на воената команда во украинскиот јужен регион Херсон, кој делумно е под руска контрола, соопшти денеска Кремљ. Во соопштението не е наведено кога Путин присуствувал на состанокот на воената команда.