Настаните на денот низ фотографии - 18 април 2023
Од Путин до Судан

1
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските сили во близина на линијата на фронтот во источниот регион Доњецк, извести неговиот кабинет, неколку часа откако Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин ги посетил делумно окупираните украински региони Херсон и Луганск.

2
БУГАРИЈА - Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, „ГЕРБ-СДС„ и „Промените продолжуваат - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) се договорија Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС да биде избран за претседател на 49. Народно собрание, соопшти попладнево Десислава Атанасова од ГЕРБ-СДС на брифинг во бугарскиот Парламент. Николај Денков од ПП-ДБ рече дека очекува Желјазков да биде изгласан утре.

3
СУДАН - Завојуваните команданти во Судан договорија 24-часовен прекин на огнот од вечерва, соопшти војската, по разговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен поради жестоките борби во Картум во кои беше нападнат американски дипломатски конвој.

4
НОРВЕШКА - Норвешка протерува 15 вработени во руската амбасада во Осло, обвинувајќи ги дека се „разузнавачи кои дејствуваат под закрила на дипломатски позиции“.