Настаните на денот низ фотографии - 4 април 2023
Гугл и Цар Борис
5
ФИНСКА / БЕЛГИЈА - Финска денеска стана 31-ва членка на НАТО, со што е завршена историската промена на безбедносната политика на земјата предизвикана од руската инвазија врз Украина.
6
MAKEDONIJA - Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм и денеска, повторно како и претходно неколку дена, протестираа пред Владата. Преку мирен протест изразуваат незадоволство поради како што велат, нивните недостоинствени месечни примања.
7
МАКЕДОНИЈА - Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид утрово е избришано од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога на 30 март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на бугарскиот цар од времето на Втората светска војна.
8
РУСИЈА - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека влегувањето на Финска во НАТО и потегот на НАТО да ја зголеми својата борбена готовност го зголемува ризикот од судири.