Настаните на денот низ фотографии - 4 април 2023
Гугл и Цар Борис
9
БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека ќе биде „трагедија за Украина ако победи [рускиот] претседател [Владимир] Путин, но исто така е опасно и за сојузниците во НАТО“.
10
МАКЕДОНИЈА - Затворска казна од три години и еден месец доби сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски. На рочиштето на 4 април, судијката Марија Клетничка - Марковска го осуди Стаменковски на казна затвор за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
11
ШВАЈЦАРИЈА - Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на рак во светот се очекува да се зголеми за 55 отсто до 2040 година во споредба со 2020 година.
12
ХОЛАНДИЈА - Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку луѓе кои се во сериозна состојба се хоспитализирани.