Настаните на денот низ фотографии - 4 април 2023
Гугл и Цар Борис

1
САД - Извршниот директор на групацијата за луксузна стока ЛВМХ (LVMH), Бернар Арно, и наследничката на козметичкиот бренд „Лореал“, Франсоа Бетенкур Маерс, се најдоа на врвот на листите на „Форбс“ за најбогат маж и најбогата жена во светот годинава.

2
САД - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој е и фаворит за кандидат на Републиканците за изборите во 2024 година, се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни податоци, пред судот во Менхетен.

3
ИНДИЈА - Најмалку шест туристи, меѓу кои и едно дете, загинаа, 11 се повредени, а повеќе луѓе останаа заробени откако голема лавина денеска затрупа група туристи на Хималаите во Индија.

4
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Стотици вработени во Гугл денеска ја прекинаа работата во канцелариите на компанијата во Лондон по спорот околу отпуштања. Во јануари, матичната компанија на Гугл, Алфабет, соопшти дека отпушта 12 илјади луѓе ширум светот, што е шест отсто од вкупниот број вработени.