Настаните на денот низ фотографии - 29 март 2023
Леб, пари и политика

1
КОСОВО / СРБИЈА - Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Договорот за нормализација на односите со Срвија мора брзо да се имплементира, и додаде дека главните преговарачи на 4 април ќе разговараат на таа тема.

2
УНГАРИЈА - Унгарија ќе го одложи приемот на Шведска во НАТО поради критиките од Стокхолм на сметка на политиката на премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска унгарската Влада. Портпаролот на Владата, Золтан Ковач рече дека премостувањето на јазот бара напор од двете страни. Шведска и Финска побараа приклучување во воениот сојуз НАТО минатата година, по рускиот напад врз Украина, но процесот беше запрен од Унгарија и Турција.

3
ФРАНЦИЈА - Уставниот совет на Франција ќе донесе одлука за уставноста на реформата на пензискиот систем в петок, на 14 април, седум дена пред крајниот рок, се вели во денешното соопштение на тој влијателен државен орган.

4
УКРАИНА - Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска ја посети нуклеарната централа Запорожје во окупираниот дел на Украина, со цел да ја утврди состојбата во објектот. Гроси изјави дека борбите во близина на електраната Запорожје стануваат сè поинтензивни и дека ситуацијата не се подобрува.