Настаните на денот низ фотографии - 16 март 2023
Распуштени, забранети, осомничени...
5
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија најверојатно денеска ќе објави забрана за користење на TикТок на службените мобилни телефони, следејќи ги другите западни земји кои исто така ја забранија апликацијата на кинескиот пазар, јавија британските медиуми.
6
КИНА - Кина е загрижена поради ескалацијата на војната во Украина и сака Москва и Киев да се вклучат во мировни преговори, му рекол високиот кинески дипломат Чин Ганг на својот украински колега на 16 март.
7
АЛБАНИЈА - Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји се надева дека во втората половина од годинава ќе има големи случувања во патувањето на Албанија кон Европската унија (ЕУ).
8
МАКЕДОНИЈА - Само две дојави за бомби имало откако се воведени новите протоколи за функционирање во услови на дојава за експлозивни направи, изјави на 16 март министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.