Настаните на денот низ фотографии - 16 март 2023
Распуштени, забранети, осомничени...
9
САД - Руските власти извршија „широк спектар“ на прекршувања на меѓународното право за човекови права и меѓународното хуманитарно право од почетокот на инвазијата на Москва врз Украина, од кои многу се воени злосторства, наведува Независната меѓународна истражна комисија за Украина, поддржана од ОН, во извештајот објавен на 16 март.
10
МАКЕДОНИЈА - Мартовската пензија ќе биде повисока за 8,4 проценти, откако Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Тие со најниски пензии кои изнесуваат неполни 11 илјади ќе добијат плус околу 1000 денари, просечната пензија ќе се зголеми за 1500 денари, а тие со највисоки пензии ќе имаат и најголемо зголемување.