Настаните на денот низ фотографии - 6 март 2023
Ракети и социјални мрежи
1
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите воени команданти одлучија да продолжат да го бранат источниот град Бахмут, кој руските сили и платениците на Вагнер со месеци очајно се обидуваа да го освојат.
2
МАКЕДОНИЈА - Двајца мажи се убиени, еден е ранет во вооружена престрелка во Старата скопска чаршија. Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди убиството на две лица вечерва кафе бар во Старата скопска чаршија.
3
МАКЕДОНИЈА - Министерството за финансии соопшти дека е издадена еврообврзница од 500 милиони евра со купонска камата од 6,96 отсто и рок на отплата од 4 години.
Дополнителни 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската комисија по каматна стапка од приближно 3%.
Дополнителни 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската комисија по каматна стапка од приближно 3%.
4
БУГАРИЈА - Здравствените власти во Бугарија денеска соопштија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против ковид-19 на кои им истече рокот на употреба. Во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ веќе беа уништени 2,3 милиони дози вакцини.