Настаните на денот низ фотографии - 6 март 2023
Ракети и социјални мрежи

5
ИРАН - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни труења на девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.
„Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе“, рече денеска ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.
„Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе“, рече денеска ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.

6
ДАНСКА - Данското Министерство за одбрана им се приклучи на другите западни земји во забраната за употреба на кинеската платформа за кратки видеа ТикТок на службените мобилни телефони и други уреди. Употребата на платформата е забрането од безбедносни причини, но и затоа што апликацијата е потребна само до многу ограничен степен за работата на вработените, соопшти Министерството во Копенхаген во понеделникот.

7
ГЕРМАНИЈА - Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ доколку Кина испрати оружје во Русија поради војната на Москва во Украина, но додаде оти е оптимист дека Пекинг ќе се воздржи од тоа.

8
МАКЕДОНИЈА - Полицијата има одредени сознанија за луѓе што испраќале лажни закани за бомби од македонска територија, а во последните неколку дена генерално тие што доаѓаат со ВПН (Виртуелна приватна мрежа) од надвор се од Иран и Русија, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.