Настаните на денот низ фотографии - 15 февруари 2023
Пари, непријатели, „идиоти“...
5
МАКЕДОНИЈА - Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски, кој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава, откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија, е пуштен на слобода. Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје вчера соопшти дека е дозволено повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување.
6
ШКОТСКА - Премиерката на Шкотска, Никола Старџен, по осум години на функција, денеска објави дека поднесува оставка, по критиките за нејзиниот обид да ги зголеми правата на трансродовите лица и нејзината стратегија за постигнување независност од Обединетото Кралство.
7
МАКЕДОНИЈА - Целосната постапка за издавање на еврообврзницата од 600 милиони евра за отплата на стари долгови ќе биде извршена по изборот на нов министер за правда, соопштија денеска од Министерството за финансии. Оттаму велат дека законски, за издавање на еврообврзницата, потребно е мислење на министерот за правда, кој е меѓу министрите кои поднесоа оставки до Собранието.
8
ЕУ - Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји се извини на Европскиот парламент (ЕП) за коментарите што ги кажа, навредувајќи ги европските претставници. На дебатата за проширувањето што се одржа на 14 февруари во ЕП, додека неговиот микрофон се уште беше вклучен, Вархеји на својот мајчин унгарски јазик му се обрати на својот шеф на кабинет со прашањето: „ уште колку идиоти има“, што се однесуваше на бројот на претставници кои се пријавиле да му поставуваат прашања.