Настаните на денот низ фотографии - 15 февруари 2023
Пари, непријатели, „идиоти“...
9
КОСОВО - Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека и покрај тоа што го разгледува предлогот на ЕУ за нормализирање на односите со Србија како добра основа за понатамошни разговори, конечниот договор треба да содржи меѓусебно признавање.
10
МАКЕДОНИЈА - Претседателот и вработените во неговиот кабинет во наредниве денови ќе добијат плата, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во Кабинетот за месец јануари.
Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, ,најдено е решение со Министерството за финансии, а административците во неговиот кабинет ќе добијат плата со покачување обезбедена од сопствени заштеди.

11
УКРАИНА - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го објави десеттиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина во вредност од 11 милијарди евра. „Речиси една година руската агресивна војна сее смрт и уништување. Сторителот мора да плати за ова“, рече фон дер Лајен во видео изјава.