Настаните на денот низ фотографии - 15 февруари 2023
Пари, непријатели, „идиоти“...
1
РУСИЈА - Кремљ нема да покани новинари од земјите што ги смета за „непријателски“ на обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин пред Федералното собрание следната недела. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека на настанот на 21 февруари ќе бидат акредитирани само медиумите што ги претставуваат „пријателските“ земји.
2
СРБИЈА - Државата нема да дозволи насилство и ќе реагира многу брзо и ефикасно, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на ТВ Пинк, откако полицијата ги спречи десничарските активисти собрани пред Претседателството на Србија да влезат во зградата.
3
УКРАИНА - Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени од украинската воздушна одбрана, соопштија денеска украинските власти, пренесува рускиот сервис на РСЕ.
4
САД - Соединетите Држави се „длабоко загрижени“ заз извештаите за руски обиди за дестабилизација на Молдавија, вели помошникот државен секретар, Карен Донфрид во интервју за РСЕ.