Настаните на денот низ фотографии - 9 февруари 2023
Леб и политика

5
СИРИЈА / ТУРЦИЈА - Бројот на загинати од земјотресите што опустошија широки делови на Турција и Сирија надмина 20.000 лица, а бледнеат надежта за пронаоѓање преживеани под урнатините на илјадници урнати згради. Во Турција има 17.134 потврдени смртни случаи и уште 3.317 во Сирија, со што вкупниот број изнесува 20.451 загубен животи што го прави еден од најсмртоносните потреси во последните децении.

6
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / САД - Велика Британија и Соединетите Држави најавија санкции против седум Руси обвинети за водење на озлогласена хакерска банда која започнала сајбер напади бизниси, училишта и болници во двете земји и на други места во светот. Министерството за финансии на САД соопшти дека седуммината Руси биле водачи на бандата позната како Трикбот, која целела на болници и здравствени центри за време на ковид пандемијата во 2020 година.

7
ЦРНА ГОРА - Пописот на населението во Црна Гора ќе се одржи од 1 до 15 ноември, одлучи денеска владата. Министерот за финансии Александар Дамјановиќ изјави дека периодот во кој ќе се прави пописот е според препораката на Обединетите нации за пописот, која предвидува тој да не се совпаѓа со изборната кампања.

8
МАКЕДОНИЈА - Во услови на висока инфлација во Европа, со преземените мерки е намалена финалната цена на основните прехранбени производи, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој уверува дека цените на лебот, млекото и месните производи се намалени од 7 до 12 проценти, при што нагласи дека барањето на Стопанската комора беше државата да овозможи поевтина струја за да поевтинат основите прехранбени производи.