Настаните на денот низ фотографии - 9 февруари 2023
Леб и политика
9
МАКЕДОНИЈА - Народната банка (НБ) ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 проценти поени. Ова е одлучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
10
ЕУ - Европската унија ќе ѝ даде поголема воена поддршка на Украина, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да лобира кај европските лидери на самитот во Брисел за повеќе оружје во борбата против Русија и брз почеток на преговорите за членство во ЕУ за неговата земја.
11
УКРАИНА / ЕУ - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на Европскиот парламент за помошта што Украина ја добива од ЕУ за да се одбрани од руската инвазија. Откако ги добија ветувањата за западни борбени тенкови во последниве недели, украинските власти сега се фокусирани врз обидот да обезбедат снабдување со ракети со поголем дострел и борбени авиони. „Ви благодарам“, им рече Зеленски на пратениците на ЕУ, кои му дадоа долги овации, а некои од нив носеа сина и жолта боја на украинското знаме.