Настаните на денот низ фотографии - 9 февруари 2023
Леб и политика

1
МАКЕДОНИЈА - Пациенти со цистична фиброза, активисти и граѓани со едноминутно молчење и поставување цветен венец пред Владата му оддадоа почит на Благојче Илијевски, кој почина вчера, чекајќи да се обезбеди лекот „трикафта“ за оваа болест.

2
МАКЕДОНИЈА - Граѓаните да не отвораат електронски пораки пратени во име на МВР со кои се повикува примачот да ги контактира преку вибер линк поради појавување на суд за сторено кривично дело, предупредуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Деновиве велат дека до нив стигнале повеќе пријави од граѓани, кои примиле електронска порака во име на министерот за внатрешни работи, каде стоело дека во соработка со полициската канцеларија на Европол, треба да се јават на суд за низа измислени кривични дела. Притоа, примачот на пораката се повикувал да го контактира испраќачот преку вибер линк.

3
ТУРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Македонскиот армиски тим помогна во спасувањето на 5-годишниот Сулејман од под урнатините во турскиот град Кахраманмараш, кој во понеделникот беше тешко погоден од два разорни земјотреси. Како што соопштија од Министерството за одбрана, гласот на затрупаното дете ги донел војниците до местото, по што тоа било спасено.

4
МАКЕДОНИЈА - лијанса за Албанците го најави својот влез во Владата. Потврдата дојде од претседателот на Арбен Таравари, по седницата на партиското Централно претседателство во Тетово. Во замена за влезот во влада договорено е партијата да добие три министерства. Потврдени се Министерството за здравство и Министерството правда, а како трето ќе биде Министерството за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, изјави Таравари. Партијата исто така ќе ги добие заменичките министерски места за одбрана и за земјоделие, како и повеќе директорски позиции кои Таравари не ги откри, но најави дека ќе се назначуваат откако ќе се избере Владата.