Настаните на денот низ фотографии - 31 јануари 2023
Протести, ракети, ветувања...
5
МАКЕДОНИЈА - Не е дефинитивно влегувањето на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, но шансите за тоа се огромни, изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
6
АЛБАНИЈА - Во Албанија во тек е акција за демонтирање на камери тајно поставени на јавни места од страна на криминални групи за да се следи движењето на полицијата.
7
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Велика Британија не верува дека е практично да испрати воени авиони во Украина, рече денеска портпаролот на премиерот Риши Сунак, откако Киев навести дека ќе се залага да добие западни борбени авиони.
8
БЕЛГИЈА - Повеќе од 10 илјади вработени во болниците и во старечките домови денеска протестираа во центарот на Брисел, со барање за подобри услови за работа и повисоки плати. Здравствениот сектор беше особено тешко погоден за време на пандемијата на ковид-19.