Настаните на денот низ фотографии - 31 јануари 2023
Протести, ракети, ветувања...

1
ЕУ - Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел денеска го осуди нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид Христијан Пендиков, истакнувајќи дека се неприфатливи изјавите кои ги даваат некои националистички политичари.

2
ХРВАТСКА - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска оцени дека претседателот Зоран Милановиќ, со своите изјави, „го урива надворешнополитичкиот кредибилитет на Хрватска“. Неговата реакција следува откако Милановиќ вчера изјави дека „Крив веќе нема да биде Украина“. На неговата изјава денеска реагираше и портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олех Николенко, кој на Фејсбук напиша дека е неприфатливо што Милановиќ го доведува во прашање „територијалниот интегритет на Украина“.

3
ФРАНЦИЈА - Десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците на Париз и ширум Франција на протест против пензиската реформа, на повик на големите синдикати.

4
ТУРЦИЈА - Турција попозитивно гледа на Финска, за разлика од Шведска, како кандидат за НАТО, изјави денеска во Будимпешта турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Претходно рековме дека гледаме попозитивно на кандидатурата на Финска, но НАТО сака истовремено одобрување на пристапот на двете земји“, посочи Чавушоглу на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
„Претходно рековме дека гледаме попозитивно на кандидатурата на Финска, но НАТО сака истовремено одобрување на пристапот на двете земји“, посочи Чавушоглу на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.