Настаните на денот низ фотографии - 31 јануари 2023
Протести, ракети, ветувања...
9
ДАНСКА - Данска денеска го подигна нивото на тревога за сајбер безбедност од „средно“ на „високо“ по неколку напади од проруски хакерски групи во последните недели, соопшти тамошниот Центар за сајбер безбедност.
10
МАКЕДОНИЈА - Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел имаше обраќање пред Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ја претстави Програмата на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ во 2023 година. Како што информира МНР, пред Советот, со кој претседаваше заменик генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана, Османи посочи дека фокусот на претседавањето ќе биде ставен на луѓето и на вредностите и принципите на ОБСЕ кои, како што се наведува, беа прекршени со руската агресија врз Украина.
11
МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи има план за обезбедување на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а во однос на тоа кој влегува во државата МВР се придржува до Законот за странци, каде постои одредба според која граѓанин на друга држава што претставува опасност може да не биде пуштен да влезе во државава, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
12
РУСИЈА - Русија денеска соопшти дека повиците на претседателот на Литванија за снабдување на Украина со борбени авиони ја истакнале „исклучително агресивната позиција“ на балтичките земји и Полска и дека „големите европски земји“ треба да го балансираат нивниот став.