Настаните на денот низ фотографии - 19 јануари 2023
Зеленски, Вагнер, Болдвин...

1
САД - Актерот Алек Болдвин и специјалистот за оружје на филмскиот сет ќе бидат обвинети за ненамерно убиство во фаталното пукање на кинематограферката Халина Хачинс која беше убиена на филмски сет во Ново Мексико. Во соопштението од Обвинителството е наведено дека станува збор за „криминално непочитување на безбедноста“. Хачинс почина набргу откако беше ранета за време на пробите на ранчот на периферијата на Санта Фе на 21 октомври 2021 година. Болдвин вперувал пиштол како дел од вежба за улогата кон Хачинс кога пукнал пиштолот, убивајќи ја неа и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.PEOPLE-ALEC BALDWIN/

2
СРБИЈА - Адвокатот од Белград и неколку руски и украински антивоени групи со седиште во Србија поднесоа низа кривични пријави до судот поврзани со активностите на српската територија на платеничката група „Вагнер“ поврзана со Кремљ, која одигра значајна улога во инвазијата на Кремљ.
Кривичните пријави беа поднесени на 19 јануари против директорот на Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин, рускиот амбасадор во Србија, Александар Ботсан-Харченко, Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и членовите на десницата.
Кривичните пријави беа поднесени на 19 јануари против директорот на Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин, рускиот амбасадор во Србија, Александар Ботсан-Харченко, Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и членовите на десницата.

3
КОСОВО - Неколку градови во Косово се соочуваат со поплави како последица на обилните дождови. Најпогоден од поплавите според информациите е градот Скендерај, каде локалните власти прогласија вонредна состојба. Директорот на Дирекцијата за јавни услуги во овој град, Албан Шала за Радио Слободна Европа изјави дека реката Клина и дел од нејзините краци се излеале што предизвикало поплави во десетина села од оваа општина. Бројни екипи и групи граѓани помагаат за евакуација на граѓаните кои се во опасност од поплави.

4
АВГАНИСТАН - Талибанските власти во Авганистан соопштија дека најмалку 78 луѓе меѓу кои и и неколку деца загинале во студениот бран што ја зафати Азија, во кој температурите паднаа на најниско ниво во повеќе од една деценија. Министерството за управување со катастрофи на Талибанците на 19 јануари соопшти дека смртните случаи поради студот се регистрирани во осум провинции од 34 во последните осум дена, додека околу 77.000 добиток исто така угинале, што претставува закана за и онака кревката безбедност на храната во земјата.